Почетна
  • насловна
  • линкови
  • контакт
  • мапа на сајтот
Навигација
  • Насловна
  • УСППФТ
  • Регулатива
  • Соработка
  • Субјекти и индикатори
  • Статистика
  • FATF - упатства
  • Професионално усовршување
  • Архива
Листа на држави

Листа на држави кои ги исполнуваат барањата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам:


- државите членки на ЕУ;
- Исланд;
- Норвешка;
- Јапонија;
- Канада;
- САД;
- Австралија; и
- Нов Зеланд.
Правилник според кои се одредува оваа листа

Прирачник

годишен извештај за 2008

годишен план за 2009

Национална стратегија

Анкета

Вкупно посетители:



  • English English





















Секој упад и злоупотреба на веб страницата на УСППФТ е казнив по член 251 од КЗ на Република Македонија

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА MONEYVAL

Стразбур 11 декември 2009 година


На пленарниот состанок на MONEYVAL комитетот при Советот на Европа, што се оддржа од 7 до 11 во Стразбур (Франција), беше избрано ново раководство и нови членови на Бирото на MONEYVAL.

  • Прочитај повеќе
СТРАЗБУР – 31 ПЛЕНАРЕН СОСТАНОК НА MONEYVAL

Стразбур, 07 - 11 декември 2009 година


Од 7-ми до 11-ти декември во Стразбур (Франција), се оддржува триесет и првиот по ред пленарен состанок на MONEYVAL комитетот при Советот на Европа.
Во текот на петдневниот собир се очекува да биде избрано ново раководство и нови членови на бироата на MONEYVAL комитетот.

  • Прочитај повеќе
ДЕЛЕГАЦИЈА НА УСППФТ ВО СОФИЈА

Софија, 30 ноември – 4 декември, 2009 година

Делегација на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, предводена од директорот Ване Цветанов, престојува во Софија, каде што од 30 ноември до 4 декември, во рамките на студиската посета на Единицата за финансиско разузнавање на Република Бугарија ќе оствари бројни средби со високи претставници на бугарските институции инволвирани во проблематиката на спречувањето на перење пари и финансирање на тероризам.

  • Прочитај повеќе
СООПШТЕНИЕ

Скопје, 27 ноември 2009 година

Република Македонија, во своите настојувања за полноправно членство во Европската Унија, континуирано работи на исполнувањето на критериумите и стандардите што ги бара од нас унијата.
Една од нив е и обврската на финансиските институции за вршење на засилена анализа на политички експонираните лица. Истата произлегува од Европската Директива 2005/60/EC – Директива за превенција на употреба на финансискиот систем за целите за перење пари и финансирање на тероризам, и Комисиската Директива 2006/70/EC - со која се утврдуваат мерките за спроведување на Директивата 2005/60/ЕC на Европскиот Парламент и на Советот во врска со дефиницијата за „политички изложено лице“ и техничките критериуми за поедноставени постапки за процена на корисникот и за изземање врз основа на финансиска дејност која се врши повремено или на ограничена основа.

  • Прочитај повеќе
КРИМИНАЛОТ НА БАЛКАНОТ – ЗАКАНА ЗА ЕВРОПСКАТА БЕЗБЕДНОСТ

25 ноември 2009 година

Организираниот криминал на Балканот ја загрозува европската безбедност бидејќи балканските земји стануваат една од главните зони за влез на криминални структури во просторот на Европската унија, се наведува во извештајот на аналитичката и истражувачка агенција на Конгресот на САД за состојбата на западен Балкан.

  • Прочитај повеќе
КОНФЕРЕНЦИЈА НА MONEYVAL ВО ЛИМАСОЛ

Лимасол (Кипар), 09 ноември 2009 година


Тричлена делегација на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, предводена од директорот Ване Цветанов, отпатува во Лимасол (Кипар), каде што од 10 до 12 ноември ќе се оддржи осмата Конференција на експерти за типологии на перење пари и финансирање на тероризам на MONEYVAL комитетот.

  • Прочитај повеќе
КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРИТЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ ФИУ ВО ЗАГРЕБ

Загреб, 30 октомври 2009 година


Делегација на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, предводена од директорот Ване Цветанов, престојуваше во Загреб, кеде што учествуваше на третата регионална конференција на шефови на Единиците за финансиско разузнавање.

Организатор на конференцијата е FIU на Република Хрватска, и на истата, шефовите на единиците за финансиско разузнавање од регионот имаа можност да разменат искуства во областа на спречувањето на перење пари и финансирањето на тероризмот.

  • Прочитај повеќе
123456789…следна›последна »
Syndicate content
contact@usppft.gov.mk