Почетна
  • насловна
  • линкови
  • контакт
  • мапа на сајтот
Навигација
  • Насловна
  • УСППФТ
  • Регулатива
  • Соработка
  • Субјекти
  • Статистика
  • FATF - упатства
  • ЛИСТИ НА ТЕРОРИСТИ
  • Архива
  • Професионално усовршување
  • Информатор за субјекти
Прирачник

годишен извештај за 2009

Прирачник

Национална стратегија

Вкупно посетители:





















СТРАЗБУР – 31 ПЛЕНАРЕН СОСТАНОК НА MONEYVAL

Стразбур, 07 - 11 декември 2009 година


Од 7-ми до 11-ти декември во Стразбур (Франција), се оддржува триесет и првиот по ред пленарен состанок на MONEYVAL комитетот при Советот на Европа.
Во текот на петдневниот собир се очекува да биде избрано ново раководство и нови членови на бироата на MONEYVAL комитетот.

  • Прочитај повеќе
ДЕЛЕГАЦИЈА НА УСППФТ ВО СОФИЈА

Софија, 30 ноември – 4 декември, 2009 година

Делегација на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, предводена од директорот Ване Цветанов, престојува во Софија, каде што од 30 ноември до 4 декември, во рамките на студиската посета на Единицата за финансиско разузнавање на Република Бугарија ќе оствари бројни средби со високи претставници на бугарските институции инволвирани во проблематиката на спречувањето на перење пари и финансирање на тероризам.

  • Прочитај повеќе
СООПШТЕНИЕ

Скопје, 27 ноември 2009 година

Република Македонија, во своите настојувања за полноправно членство во Европската Унија, континуирано работи на исполнувањето на критериумите и стандардите што ги бара од нас унијата.
Една од нив е и обврската на финансиските институции за вршење на засилена анализа на политички експонираните лица. Истата произлегува од Европската Директива 2005/60/EC – Директива за превенција на употреба на финансискиот систем за целите за перење пари и финансирање на тероризам, и Комисиската Директива 2006/70/EC - со која се утврдуваат мерките за спроведување на Директивата 2005/60/ЕC на Европскиот Парламент и на Советот во врска со дефиницијата за „политички изложено лице“ и техничките критериуми за поедноставени постапки за процена на корисникот и за изземање врз основа на финансиска дејност која се врши повремено или на ограничена основа.

  • Прочитај повеќе
КРИМИНАЛОТ НА БАЛКАНОТ – ЗАКАНА ЗА ЕВРОПСКАТА БЕЗБЕДНОСТ

25 ноември 2009 година

Организираниот криминал на Балканот ја загрозува европската безбедност бидејќи балканските земји стануваат една од главните зони за влез на криминални структури во просторот на Европската унија, се наведува во извештајот на аналитичката и истражувачка агенција на Конгресот на САД за состојбата на западен Балкан.

  • Прочитај повеќе
КОНФЕРЕНЦИЈА НА MONEYVAL ВО ЛИМАСОЛ

Лимасол (Кипар), 09 ноември 2009 година


Тричлена делегација на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, предводена од директорот Ване Цветанов, отпатува во Лимасол (Кипар), каде што од 10 до 12 ноември ќе се оддржи осмата Конференција на експерти за типологии на перење пари и финансирање на тероризам на MONEYVAL комитетот.

  • Прочитај повеќе
КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРИТЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ ФИУ ВО ЗАГРЕБ

Загреб, 30 октомври 2009 година


Делегација на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, предводена од директорот Ване Цветанов, престојуваше во Загреб, кеде што учествуваше на третата регионална конференција на шефови на Единиците за финансиско разузнавање.

Организатор на конференцијата е FIU на Република Хрватска, и на истата, шефовите на единиците за финансиско разузнавање од регионот имаа можност да разменат искуства во областа на спречувањето на перење пари и финансирањето на тероризмот.

  • Прочитај повеќе
РУСКИОТ ОЛИГАРХ ДЕРИПАСКА ОСОМНИЧЕН ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ

Скопје, 19 октомври 2009

Еден од најбогатите руски олигарси - Олег Дерипаска е осомничен за перење четири милиони евра за руската мафија во Шпанија во периодот од 2001 до 2004 година.
Истражниот судија Балтазар Гарзо на почетокот на месец ноември во Москва ќе го солуша овој богаташ, пренесуваат медиумите.

  • Прочитај повеќе
ВРХОВНИОТ СУД НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЗА ПРВ ПАТ ОДЛУЧУВА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ

Лондон, 5 октомври 2009

До сега Горниот дом на парламентот - Домот на Лордовите, беше надлежен за одлучување по вакви случаи.
Врховниот суд во Велика Британија за прв пат ќе сослуша петмина обвинети во случај на финансирање на тероризам, откако претходно донесе одлука за замрзнување на нивните имоти додека трае процесот.
Случајот беше превземен од Домот на Лордовите, кој беше последната инстанца пред која се поднесуваат жалби во Велика Британија за граѓански и криминални случаи.

  • Прочитај повеќе
« прва‹ претходна123456789…следна›последна »
Syndicate content
contact@usppft.gov.mk