|
ПОТПИШУВАЊЕТО НА МЕМОРАНДУМИ ЗА СОРАБОТКА СО ТУРЦИЈА И СО ОАЕ - ОБЈАВЕНО НА WEB ПОРТАЛОТ AML – CFT
Веста за минатонеделното потпишување на Меморандуми за соработка на УСППФТ со единиците за финансиско разузнавање на Турција и на Обединетите Арапски Емирати, што беше реализирано на годишното собрание на EGMONT во Доха (Катар), ја пренесе и веб – порталот AML – CFT (http://aml-cft.blogspot.com/2009/06/macedonia-signs-agreements-on-money....).
ПЕРАЧОТ ОД СИМЕНС - НЕДОСТАПЕН ЗА ГРЧКИОТ СУД
Атина, 29 мај 2009 година Грчкиот суд денеска издаде меѓународна потерница по поранешниот финансиски директор на претставништвото на германската фирма Сименс – Кристос Каравелас, кој е еден од првообвинетите во аферата за корупција и перење пари во која се замешани високи претставници од грчкиот политички живот.
ПОТПИШАНИ МЕМОРАНДУМИ ЗА СОРАБОТКА СО ТУРЦИЈА И СО ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ
Доха (Катар), 26 мај 2009 година Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам потпиша Меморандуми за соработка со единиците за финансиско разузнавање на Турција и на Обединетите Арапски Емирати. Меморандумите беа потпишани на маргините на годишното собрание на EGMONT што деновиве се оддржа во Доха (Катар). Делегацијата на УСППФТ, предводена од директорот Ване Цветанов на билатералните средби со челните луѓе на единиците за финансиско разузнавање на Велика Британија, Португалија и Нигерија, договори потпишување на меморандуми за соработка и со овие земји.
ДЕЛЕГАЦИЈА НА УСППФТ ВО ДОХА ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ФИУ - ГРЦИЈА
Скопје, 26 мај 2009 година На годишното собрание на EGMONT, што се оддржува во Доха (Катар) тричлената делегација од Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, предводена од директорот Ване Цветанов оствари средба со челните луѓе на Комисијата за спречување на перење пари
ТРИЧЛЕНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА УСППФТ ОТПАТУВА ВО КАТАР
Скопје, 23 мај 2009 година Тричлена делегација на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам предводена од директорот Ване Цветанов замина во Доха (Катар) каде ќе учествува на пленарното заседание на EGMONT (тело што ги обединува единиците за финансиско разузнавање од целиот свет).
ИТАЛИЈАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ 68 ОСОМНИЧЕНИ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ
Неалол (Италија), – 19 мај 2009 година Во една од најголемите акции спроведени последниве неколку години Италијанската полиција уапси 68 членови на наполитанската мафија, осомничени за трговија со дрога и перење на пари.
ОД ИНТЕРВЈУТО НА ДИРЕКТОРОТ НА УСППФТ – ВАНЕ ЦВЕТАНОВ ЗА КАНАЛ 5+ ТЕЛЕВИЗИЈА
Скопје,19 мај 2009 година Директорот на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, Ване Цветанов, во интервју за КАНАЛ 5+ ТЕЛЕВИЗИЈА истакна дека освен со грчкото FIU, УСППФТ остварува одлична соработка со сите единици за финансиско разузнавање во регионот.
ПЕРЕЊЕТО НА ПАРИ ВО ГРЦИЈА – ЕВРОПСКИ ПРОБЛЕМ
Скопје 14 мај 2009 година Грчките правни експерти стануваат се посвесни за проблемот со перењето на пари во нивната земја. Според зборовите на европски реномираниот грчки правен експерт Марија Алваноу, проблемот со перењето на пари во Грција не претставува само грчки туку и проблем на цела Европа. |





.gif)

