Почетна
  • насловна
  • линкови
  • контакт
  • мапа на сајтот
Почетна
Навигација
  • Насловна
  • УСППФТ
  • Регулатива
  • Соработка
    • Меѓуинституционална соработка
    • Меѓународни односи
  • Субјекти
  • Статистика
  • FATF - упатства
  • ЛИСТИ НА ТЕРОРИСТИ
  • Архива
  • Професионално усовршување
  • Информатор за субјекти
Прирачник

годишен извештај за 2009

Прирачник

Национална стратегија

Вкупно посетители:





















Меѓународни односи


Перењето на пари и финансирањето на тероризмот претставуваат глобален проблем и токму поради тоа Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам обрнува особено внимание на развивањето на регионалната и на меѓународната соработка.

Македонија е членка на MONEYVAL и на EGMONT (тела што ги обединуваат единиците за финансиско разузнавање од Европа, односно од светот) и активно учествува во работата на овие меѓународни институции. Зголемените активности во меѓународните организации во областа на спречување на перење пари и финансирање на тероризам, односно интензивирањето на учеството во работните групи на ЕГМОНТ и во работата на MONEYVAL обозможува продлабочување на меѓународната соработка и следење на меѓународните стандарди и актуелности .




  • EGMONT SECURITY WEB
  • Меморандуми
  • TWINNING проект

Од гледна точка на борбата против транснационалниот криминал, oсобено е значајна размената на податоци што УСППФТ ја врши преку EGMONT SECURITY WEB со единиците за финансиско разузнавање на други држави. Особено е интензивна размената на податоци со државите од Балканскиот регион, каде УСППФТ може да се пофали со конкретни резултати, бидејќи по директна иницијатива на управата досега се откриени голем број криминални групи што дејствувале на просторот на балканските земји.
Исклучок на полето на соработката е единствено Грција, која упорно ги игнорира сите барања за податоци што веќе две години и ги доставува УСППФТ. Ваквото однесување на Грција е во директна спротивност со принципите на EGMONT и со настојувањата на меѓународната заедница за координирана борба на државите против перењето на пари и финансирањето на тероризмот..



contact@usppft.gov.mk