УСППФТ досега има потпишано повеќе од 20 меморандуми за соработка со единиците за финансиско разузнавање од целиот свет. За целите на размена на податоци и информации за перење пари или финансирање на тероризам кај опредределени држави битен услов е меморандумот за соработка. Од овие причини, планирано е потпишување на нови  меморандуми за соработка и размена на податоци со странските  единици за финансиско разузнавање

Од особено значење е соработката што УСППФТ ја остварува со Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија. Британската техничка помош придонесе во голема мерка да се зајакне IT технологијата во управата, што резултира со поголема брзина и ефикасност во работата